Гореа семејни куќи во Ласкајца и Таринци – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 5:51 PM

Гореа семејни куќи во Ласкајца и Таринци

Приземна куќа изгоре во пожар попладнето во охридската населба Лескајца. Пожарот бил пријавен околу 13 часот, по што од Територијалната противпожарна единица било интервенирано со четири возила и десет пожарникари.

Пламенот е изгаснат во акцијата што инаку се одвивала во отежнати услови поради големо количество мебел и најразлични предмети собрани во непосредна околина на објектот на улица „Петар Поп Арсов”, што ги попречувало пожарникарите во пристапот до самиот објект.

Нема информации за повредени лица во пожарот, а причините за неговото избувнување треба да ги утврди истрагата.

Во кабинското село Таринци попладнево пожар ќе пеплосаше куќа, но брзата интервенција на штипските пожарникари спречи поголема трагедија за семејството.

Командирот на ТППЕ Штип, Дарко Коцев вели дека изгорена е кровната конструкција и три соби во куќата. Пожарот го гаснеле два часа, а бил пријавен околу 14 часот.

На терен излегле шест пожарникари со две возила. Во куќата немало никој, домаќините биле излезени.

Полицијата треба да утврди која е причината за пожарот, а локалните жители претпоставуваат дека станува збор за стара електрична инсталација.

 

МИА

фото: Архива