Конвојот од стотици возила чии возачи протестираат против рестриктивните анти-ковид мерки стигнаа до Париз, каде пред Труимфалната порта Полицијата беа пресретнати од полицијата. Властите распоредија повеќе од 7.000 полицајци во обид да ги спречат демонстрантите.
Слични демонстрации почнаа да се шират низ светот.
Австрија и Белгија забранија влез на такви конвои во нивните главни градови, а слични демонстрации се појавија и во Австралија, Нов Зеланд и Холандија.
Групите беа инспирирани од самонаречениот канадски „Конвој на слободата“ кој ја наруши трговијата на границата со САД и ги окупираше улиците во Отава.
Таму, полицијата почна да ја расчистува блокадата на главниот премин меѓу Канада и САД. Возачите на тешките возила распоредени на мостот „Амбасадор“ во Онтарио, беа повикани од полицијата да ги напуштат блокадите.
Оваа трговска рута се смета за клучна, бидејќи го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит, Мичиген.
Протести на камионџиите против барањата за задолжителна вакцина против Ковид се одржуваат и на другите гранични премини и во Отава.