Допинг скандалот со руската спортистка Валиева го решава Арбитражниот суд – ММС
ММС

Објавено на: 02/12/22 3:33 PM

Допинг скандалот со руската спортистка Валиева го решава Арбитражниот суд

Дали ќе остане златниот медал кај Рускиот олимписки комитет за најдобра изведба во кратката и слободна програма на ОИ во Пекинг, ќе се знае во следните часови, по сослушувањето пред  Арбитражниот суд.

Скандалот го создаде допинг тестот на фантастичната Камила Валиева, која на свои 15 години  во понеделникот го освои олимпиското злато. Но, вчера беше откриено дека претходно паднала на допинг тест , а официјалните лица на Олимпијадата сега се борат против одлуката на Русија да и’ се дозволи да се натпреварува.

Златниот медал на Валиева, која е првата лизгачка која изведе четирискок во олимписка конкуренција, сега виси на конец. Меѓународната агенција за тестирање соопшти дека таа била позитивна на забранет лек за ангина во примерок од урина регистрирано од руските власти на националното првенство во Санкт Петербург на 25 декември во мала количина.

Триметазидин се користи за лекување на ангина пекторис и вртоглавица, според  Европската агенција за лекови . Исто така, го подобрува протокот на крв и издржливоста, поради што може да им помогне на спортистите со голем напор.

Светската анти-допинг агенција го забрани триметазидин и го стави во категоријата модулатори на хормони и метаболизам.

– Но, не е јасно дали земањето на овој лек ќе придонесе за подобри перформанси. Теоретски да, но нема цврсти докази. Но, тоа може да биде и опасно, изјави за Ројтерс Садија Кан, кардиолог и професор на Универзитетот Фајнберг.

Доколку Русите би биле дисквалификувани, Американците би освоиле злато, Јапонците сребро, а Канаѓаните од четвртото место би биле промовирани во бронзен медал.

 

извор: Агенции