Раперот Канје Вест (44) наводно моли за прошка и од поранешната сопруга Ким Кардашијан (41), откако во последните неколку дена извадиле „валкани работи“ од врската.
Драмата меѓу поранешната вљубена двојка не стивнува и денеска. Канје на социјалната мрежа Инстаграм објави колаж од семејни фотографии по низата обвинувања за мајката на неговите деца.
„Боже, обедини го нашето семејство“, гласи описот под објавата на Канје, а многумина веруваат дека на тој начин Канје ја моли Ким за прошка.
Некои од следбениците на раперот ја поддржаа неговата постапка, а други сепак му велат дека тоа се приватни работи кои не треба да се решаваат на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Ким и Канје со денови се караат на мрежите, а Вест ја користи секоја прилика да ја нападне поранешната сопруга. Раперот по разводот не успева да ја прифати новонастанатата ситуација, па неодамна и се закани на нејзиниот нов партнер, комичарот Пит Дејвидсон.
Канје јавно се пожали дека Ким и дозволила на нивната ќерка да користи „TikTok“ без негово знаење и ги прашал своите придружници како да ја решат оваа ситуација, а потоа ја обвини својата поранешна сопруга дека се обидела да ја киднапира нивната ќерка.
Извор: Телеграф.рс