Професионален возач од Македонија кој возејќи камион во Италија, доживеал срцев удар и починал во истиот момент, е прогласен за херој од страна на италијанските медиуми.
Возејќи по автопатот Авелино – Салерно, човекот почнал да чувствува здравствени проблеми. И покрај тоа, тој бил присебен, успеал да ја намали брзината, да го сопре камионот на безбедна страна кај крстосницата за Серино, се струполил над воланот и починал. Екстремниот маневар овозможил да се избегнат драматични несреќи, пренесе Батали.нет.
На местото на настанот интервенирала сообраќајната полиција од Авелино и здравствени работници, но не успеале да го спасат 50-годишникот.
„Возачот на камионот кој почина од срцев удар, успеал да ја намали брзината на возилото и да се исклучи од патот кога ги почувствувал првите симптоми на ударот. Кога камионот запрел, тој се срушил врз воланот и починал. Екстремниот маневар на починатиот возач спасил поголем инцидент. Патната полиција и итната помош направиле се за да го спасат возачо, но било предоцна“, објасни италијанскиот Il Mattino.
извор: Ilmattino.it
фото: lacittadisalerno.it/