Русија испрати повеќе сили на својата граница со Украина и би можела да почне инвазија во било кој момент, дури и за време на Зимските олимписки игри, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен. Рече дека Вашингтон ја повлекува својата амбасада во Украина и го повтори повикот на Стејт Департментот до американските граѓани во Украина веднаш да ја напуштат земјата.
– Едноставно кажано, гледаме загрижувачки знаци на руската ескалација вклучувајќи ги и новите сили на границата – истакна Блинкен на прес-конференција за новинарите во Мелбурн, Австралија.
Русија, која има повеќе од 100.000 војници во близина на украинската граница ги демантира западните обвинувања дека планира да изврши инвазија.
Велика Британија вчера оопшти дека најопасниот момент во конфликтот на Западот со Москва изгледа неизбежен бидејќи Русија одржа воени вежби во Белорусија и на Црното море после трупањето на своите сили близу Украина.
Извор: Mondo
Фото: youtube screenshot