Ресторани, културни и спортски настани со полн капацитет – Холандија укинува повеќе анти-ковид ограничувања – ММС
ММС

Објавено на: 02/11/22 8:34 AM

Ресторани, културни и спортски настани со полн капацитет – Холандија укинува повеќе анти-ковид ограничувања

Холандската влада соопшти дека има намера да укине повеќе од анти-ковид ограничувањата до крајот на месецот.

Баровите и рестораните повторно ќе бидат отворени до еден часот по полноќ од 18 февруари наместо да се затворат во 22 часот, како што е сега.

До крајот на месецот ќе се укинат мерките за социјална дистанца на јавни места. Сепак, посетителите ќе треба да приложат потврда за вакцинација против Ковид-19, или документ за прележана болест или негативен резултат од тестот за коронавирус.

Ова ќе им овозможи на театрите и кината и спортските места да продолжат со работа со полн капацитет на гледачи.

Ноќните клубови ќе ги отворат вратите само со тестирање на сите посетители. Истото ќе важи и за фестивалите.

МИА

Фото: www.in4s.net