Евроамбасадорот Дејвид Гир при денешната посета на Општина Битола, на битолскиот градоначалник, Тони Коњановски му подари стаклена тегла која произведува енергија од сончевите зраци.
Гир истакна дека оваа тегла ја даваат како подарок на своите партнери како симбол на зелениот договор на Европската Унија.
На средбата меѓу другото разговарале и за зачувувањето на животната средина и загадениот воздух и поддршката која ја дава ЕУ во овој контекст, а евроамбасадорот после средбата напомена:
– Прекрасен град, но на овој сончев ден не може да се види сонцето, затоа што кога се доаѓа накај Битола, се гледа жолт и црн воздух кој покажува за големата загаденост на општина Битола и целиот град, рече Гир.
Со градоначалникот разговараа и за РЕК Битола, односно неговата вистинска транзиција.
-Сите сме свесни дека е важен производител на електрична енергија во вашата држава, но како да се направи правилна транзиција кон произведување зелена енергија во контекст на зачувување на животната средина и зачувување на здравјето на луѓето, рече Гир.
(М.Б.)