Снуп Дог обвинет за силување – ММС
ММС

Објавено на: 02/10/22 1:16 PM

Снуп Дог обвинет за силување

Американскиот рапер Снуп Дог се соочува со обвинувања за силување од непозната девојка.

Според еден портал, жената чиј идентитет не е откриен го обвинила раперот дека ја принудил на орален секс во 2013 година.

Таа била една од танчерките, а во својата исповед изјавила дека Снуп Дог ја злоставувал во договор со неговиот соработник Дон „Меџик“ Хуан.

Двајцата наводно и понудиле да ја однесат дома, а потоа таа заспала. Кога се разбудила околу 4 часот наутро, двајцата ја злоставувале.

Раперот брзо проговори за овие обвинувања и негираше дека не направил ништо.

Извор и фото: espreso.co.rs