Пијан возач на камион во Германија поминал на црвено светло и „собрал“ 31 паркиран автомобил.
Камионот поминал на црвено и се судрил со автомобил на раскрсница, по што продолжил да се движи, а потоа ги собрал паркираните автомобили кои од ударот се одбивале од ѕидовите на зградите, соопшти тамошната полиција. Некои и се запалиле. Ова се случувало во јужниот германски град Фуерт, пренесе АП.
Во несреќатаа три лица се полесно повредени.
Од ударот на колите во ѕид од една зграда, морале да ги евакуираат станарите.
Полицијата го уапсила возачот, 50-годишен турски државјанин, без постојан престој во Германија. Веднаш по несреќата му бил направен алкотест, а од полицијата велат дека тој бил далеку над секоја дозволена граница на алкохол во крвта.
извор: 24sata.hr