Двајца полицајци, една љубовна драма-го држела затворен во станот и му се заканувала со убиство – ММС
ММС

Објавено на: 02/9/22 10:32 AM

Двајца полицајци, една љубовна драма-го држела затворен во станот и му се заканувала со убиство

Припадник на белградската полиција ја пријавил љубовницата, инаку колешка, дека му се заканувала и го држела затворен во станот. Филмската љубовна драма се случила неодамна, кога полицаец се обидел да стави крај на оваа љубовна врска.
– Сите колеги беа шокирани, особено затоа што го знаеме М.М како сериозен, семеен човек. Тој е оженет и никој од нас не знаеше дека има девојка. Тоа успеале да го сокријат речиси од сите, се додека тој не ја пријавил поради закана за убиство, кое наводно љубовницата го упатила кон него и неговата сопруга – открива детали од драмата, соговорникот на Курир.
М.М и неговата колешка А.Р., наводно биле во врска пет-шест месеци. – Очигледно многу поголемо значење на оваа врска и дала А.Р. Таа наводно побарала од него да ја остави сопругата, но бидејќи тој одбил, го повикала да дојде во нејзиниот стан за да разговараат. Меѓутоа, кога тој влегол, го заклучила и наводно не му дозволила да излезе – додава изворот.
Полицаецот останал „приведен“ во станот на својата колешка, а според неофицијални информации таа и се јавила на неговата сопруга, ја навредувала и била непријатна.
– Утрото за да ја „пуштат топката“, заедно тргнале на работа. Но, во договор со сопругата, тој ја пријавил љубовницата и таа дури била донесена на информативен разговор – вели извор на Курир.
Колегите на „актерите“ на оваа драма велат дека на почетокот никој не можел да поверува дека тоа е вистина. – Тоа што се случи е нивна приватна работа, но од друга страна, јасно е дека нивните претпоставени го сфатиле ова за многу сериозно, бидејќи и двајцата имаат службено оружје – вели еден колега.
И двајцата, додава тој, се добри работници и никогаш не биле склони на инциденти. -Дали се заљубила толку многу што не можела да прифати дека нема да ја остави сопругата или навистина и ветил нешто, не знаеме. Како што дознаваме, колегата немал проблеми со сопругата – заклучува нашиот соговорник.
Како што дознава Курир, на А.Р., на почетокот на јануари и била изречена забрана за приближување и комуникација со колега. – Станува збор за времена мерка која судот прво ја изрече за 48 часа, а потоа ја продолжи за уште 30 дена – потврди соговорникот на Курир.

извор: Blic.rs