Карлеуша се појави на суд – Тоа што го носеше во рацете чини цело богатство – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/22 9:48 PM

Карлеуша се појави на суд – Тоа што го носеше во рацете чини цело богатство

Фолк ѕвездата Јелена Карлеуша денеска се појави во Третиот општински суд во Белград каде уште еднаш го привлече вниманието со својот стајлинг.

Пејачката овој пат ја избра комбинацијата бело-тиркизна, а само едно парче на неа чини 2.150 долари или 1.882 евра.

Станува збор за бела чанта која сезонава е полн погодок и по која „лудуваат“ многу жени, а брендот е „Balenciaga“.

Јелена носеше и „теди“ сино палто кое одлично прилегаше со бели панталони, чизми и чанта, а како аксесоари носеше и очила за сонце, исто така во бела боја.

Секој стајлинг на Карлеуша отсекогаш бил забележан, а она што е карактеристично за изборот на нејзината гардероба кога оди на проба е тоа што секогаш избира скапа чанта за таа пригода, но и чевли.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Инстаграм,karleusastar