Ковид рекордер: Турчин 14 месеци е позитивен на коронавирус – ММС
ММС

Објавено на: 02/8/22 4:01 PM

Ковид рекордер: Турчин 14 месеци е позитивен на коронавирус

Турчинот Музафер Кајасан веројатно е светски рекордер меѓу заразените со ковид. Веќе 14 месеци тој е позитивен на ковид и наизменично се наоѓа во изолација дома или во болница. Досега има направено 78 тестови и сите од нив се позитивни.

На Кајасан, кој е пациент со леукемија, ковид за прв пат му е дијагностициран во ноември 2020 година, по што бил примен и во болница. Од тука е отпуштен по две недели, по што се вратил во својот дом чекајќи потполно да се опорави од ковидот.

Сепак ова испаднало само почеток на неговото долго „заробеништво“.

Според мерките кои се на сила во Турција, самоизолацијата се прекинува по две недели доколку тестот за ковид е негативен. Меѓутоа сите 78 тестови кои Кајасан ги направил, му покажуваат дека и понатаму е позитивен. Тој поминал девет месеци во болница и уште пет дома во самоизолација.

Кајасан апелира властите да најдат решение за неговата ситуација, поради која како што вели морало да биде сам во својот дом, а своите деца и внучиња може да ги гледа само преку прозорецот.

Неговите доктори велат дека тестовите и понатаму му се позитивни само поради неговиот слаб имунолошки систем поради леукемијата, а сметаат дека преживеал поради лекарствата кои му биле давани за да го зајакне својот имунитет.

Неговата сопруга била со него некој период за време на самоизолацијата и два пати била негативна на ковид. Ист е случајот и со неговиот син.

– Се опоравив, но се уште имам остатоци од корона во организмот. Ова е единствено објаснување кое го добив за моите позитивни тестови, вели Кајасаран и додава дека нема никаков проблем со ова, но сепак му е ограничен социјалниот живот и не може да ги прегрне своите сакани, што му е најтешко.