Премиерот на Австралија, Скот Морисон, денеска од парламентарната говорници им се извини на жртвите на сексуално недолично однесување, или насилство, меѓу кои и Британи Хигинс, која, како што тврди, беше силувана во Парламентот 2019 година.
– Ѝ се извинувам на госпоѓа Хигинс за страшните работи што се случиле тука. Место, што би требало да биде безбедно, а се претвори во кошмар, изјави Морисон, додека Хигинс обраќањето го следеше во живо од галеријата во законодавниот дом.
Тој додаде дека им се извинува и на сите останати жртви, „оние пред госпоѓа Хигинс, која имаше храброст да преговори за тоа“.
Хигинс инспирираше десетици илјади луѓе да се придружат на протестите лани, откако излезе во јавноста со обвинувања дека била силувана во канцеларијата на нејзиниот шеф. Кога пријавила за силувањето, поддршката била мала и следувал притисок за да ја напушти својата работа.
Истражувањата подоцна покажаа дека еден од тројца вработени во Парламентот биле жртви на сексуално вознемирување.
МИА