После псоријазата, на Ким Кардашијан и е дијагностицирана нова кожна болест – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 11:15 PM

После псоријазата, на Ким Кардашијан и е дијагностицирана нова кожна болест

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан отворено разговара со своите придружнички за проблемите со кожата со кои се бори, па така беше и овојпат. Таа на Инстаграм проговори за уште еден проблем кој го има со кожата, а тоа е дисхромијата.

Кардашијан ја добила болеста по долга борба со псоријазата, а се работи за пореметување кое доведува до промена на бојата на кожата или ноктите, пишуваат американските медиуми.

Во видеото и нејзиниот лекар објави како се развива дисхромијата.

– Кога некој доста се шминка професионално и се изложува на сонце и патува, тоа сонце заедно со шминката што ги покрива порите може да предизвикаат регенерација на кожата. Нашата кожа се менува и на тој начин може да добиете дисхромија – објаснила докторката на Ким.

Ријалити ѕвездата на самиот почеток на „Keeping up with the Kardashians“ откри дека и е дијагностицирана псоријаза, а првиот „напад“ од псоријаза го доживеала на 25 години. Тогаш открила дека и помогнала инекција со кортизон, но подоцна болеста се вратила.

Извор: Србијаданас.ком