(Видео) Носи едно бебе, а нејзиниот стомак изгледа како да носи тројка – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 2:20 PM

(Видео) Носи едно бебе, а нејзиниот стомак изгледа како да носи тројка

Тиктокерката Рена со ултразвук докажа дека носи само едно бебе. Имено, нејзиниот стомак толку многу пораснал за време на нејзината петта бременост што луѓето се убедени дека таа носи тројки.

„Мислам дека ова ќе биде моето најголемо бебе“, признава самата Рена, истакнувајќи дека до 38-та недела од бременоста се здебелила 16 килограми.

@mommy1987003 Hope everyone is having a great day!! 12 days till I get to meet my #rainbowbaby can’t wait I’m miss my #bigbump 🥰🌈🤰🏼#37weekspregnant ♬ wishroll – drumarcropped

„Сите мислат дека носам повеќе бебиња, но тоа е само едно големо момче. Може да тежи 4,5 килограми. Мојот сопруг е роден со тежина од 5 килограми”, додала таа.

Рена треба да се породи на 22 февруари, а многумина со нетрпение чекаат да откријат дали навистина е бремена со само едно дете. Таа неодамна објави ултразвучно скенирање на TikTok за да докаже дека носи едно бебе.

@mommy1987003 #37weekspregnant with my #rainbowbaby set up for a C-section on the 18th!! Can’t wait to meet him !! I’m gonna miss my #bigbump ♬ follow meee taytlaurel – taytlaurel

„Не патам од вишок плодова вода или гестациски дијабетес. Не се плашам од породување бидејќи ќе одам на царски рез”, тврди таа и открива дека последното дете кое го родила по раѓањето тежело 4.252 грама.

Инаку, Рена е поранешна зависничка која користела дрога 11 месеци. Таа се надева дека раѓањето на нејзиното петто дете ќе означи нов, посреќен период во нејзиниот живот.

Преземено од: https://www.index.hr/