Бензините поскапуваат за еден ипол денар, а дизелот за 2 денара, одлучи РКЕ – ММС
ММС

Објавено на: 02/7/22 2:09 PM

Бензините поскапуваат за еден ипол денар, а дизелот за 2 денара, одлучи РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,54 отсто. Од утре, малопродажните цени на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,50 денари/литар, додека малопродажната цена на Еуродиезел (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар. Мазутот М-1 НС поскапува за 1,815 денари килограм и сега ќе изнесува 46,537 денари.

Според одлуката, Еуросупер БС 95 ќе чини 81,00 денари за литар, Еуросупер БС – 98 83,00, а Еуродизел БС (Д-Е V) ќе се продава по цена од 73,50 денари за литар. Цената а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе биде 73,00 денари за литар,  а Мазутот М-1 НС ќе чии 46,537денари за килограм.

Во изминатиот седумдневен период сите референтни цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 3,662 отсто, дизелот за 4,010 отсто, кај екстра лесното масло за 3,372 отсто и кај мазутот за 4,670 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,347 отсто.