Времето денес ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На некои места ќе се формира нова снежна покривка а ќе дува засилен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Максималната температура ќе достигне до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно, попладне со врнежи од дожд, пообилни попладне, а во текот на ноќта врнежите ќе преминат во снег. Ќе дува слаб до умерен ветер.
Температурата ќе достигне до10 степени.
Утре ќе дува силен северен ветер, температурата ќе се намали, а претежно во планинските подрачја ќе провејува слаб снег. Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура.