Утре ќе се „скрои“ судбината на минималецот-16.300денари колку што даваат работодавачите, 17.142 колку што нуди владата или 18.000 колку што бараат синдикатите?! – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/22 8:27 PM

Утре ќе се „скрои“ судбината на минималецот-16.300денари колку што даваат работодавачите, 17.142 колку што нуди владата или 18.000 колку што бараат синдикатите?!

Утре ќе се „скрои“ судбината на минималната плата во земајва, дали-ќе биде 16.300денари колку што даваат работодавачите, 17.142 колку што нуди владата или 18.000 колку што бараат синдикатите?

На третата рунда преговори  на Економско-социјалниот совет закажан за утре во 19 часот , работодавачите владата и синдикатите ќе треба да пресечат колкава минимална плата ќе добиваат работниците годинава. На маса се трите решенија кои пак претходно ќе треба да ги разгледа Економскиот совет на владата.

Економските министри кои треба да направат дополнителни проценки околку предлогот на Конфедерацијата на работодавачи која се согласува на минималец од 18.000 денари, но само ако 50 проценти од трошоците се покријат со субвенции од Буџетот. Пресметките ќе треба да покажат колкави финансиски импликации ќе има субвенциоираниот минималец во Буџетот, и од каде ќе се бараат пари кои во буџетот не се предвидени. И секако дали тоа ќе влијае на зголемување на јавниот долг на земјава.

Дека утре најверојатно ќе има одлука за минималецот денска на Фејсбук најави и премиерот Димитар Ковачевски.Напиша дека Владата е на страната на работниците- но не прецизираше дали  тоа значи дека влладата ќе прифати 18.000 денари минимална плата колку што бараат синдикатите и дали тоа ќе биде со субвенции од буџетот.

„Владата е на страната на работниците – покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето“Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнување ветувањата“ – напиша на социјалната мрежа Фејсбук  премиерот Димитар Ковачевски.

Сојузот на синдикати побараа Владата одлучно да застане на страната на работниците, да го стави предлогот за минималната плата од 18.000 денари на гласање на Економско социјалниот совет и да го поддржи. Повторно предупредија дека доколку во четврток во Собранието не се изгласа предлог законското решение, од ССМ ќе почнат со штрајк, односно блокади на фабрики, економски зони, патишта.

„ССМ е веќе во штрајк поради немање слух од работодавачите и срамните предлог решенија кој ги вадат на секој ЕСС за да купуваат време кое ние го немаме! Владата која излезе со анализа која ја поздравуваме и која потврдува дека предлогот на ССМ е најреален и одржлив како идејно решение и по кое позитивно се произнесоа и затоа бараме повеќе да не потпаѓаат под влијание и игрите на работодавачите кои се дрзнаа да бараат за себе“ велат од ССМ.

Утре на маса ќе бидат трите предлози. Организацијата на работодавачи предложи промена на меодологијата со која минималната плата ќе се пресметува преку порастот на трошоците на живот и на Бруто-домашниот производ.

Според таа пресметка минималната плата годинава би изнесувала 16.303 денаи. ОРМ тврди нивниот мнодел е најдобар и најодржлив. Бизнис конфедерацијата пак во петокот достави предлог со кој се согласува минималната плата да порасне и на 18.000 денари, но  50 проценти од трошоците да се субвенционираат од буџетот. Синдикатите не отстапувата од 18.000 денари минималец веднаш или се закануваат со генерален штрајк.

Додека пак пресметките на владата покажале дека минималната плата годинава треба да изнесува 17.142 денари. Додека пак ако се усогласува по сегашниот модел на пресметка минималната плата годинава треба да порасне за 500 денари и од сегашните 15.200 денари да изнесува нешто над 15.700 денари.

(А.С.)