Кралицата Елизабета Втора денеска слави платинест јубилеј, 70 години на британскиот трон, што досега не го постигна ниту еден британски монарх.
Традиционално, кралицата го поминува 6 февруари приватно на кралскиот имот во Сандригамо. Тоа е и тежок и свечен датум за неа кога дојде на тронот во 1952 година на 25-годишна возраст, но и денот кога нејзиниот татко, кралот Џорџ Шести, за кого беше многу приврзана, почина од рак на белите дробови на возраст од 56, пренесува АФП.
Оваа година е и првата годишнина откако таа беше без нејзиниот сопруг принцот Филип кој почина во април 2021 година на 99-годишна возраст. Монархијата исто така минува низ турбулентен период со обвинувања за сексуален напад насочен кон нејзиниот син Ендру и заминувањето на нејзиниот внук принцот Хари со неговата сопруга Меган во Соединетите држави.
Пред да замине за Сандригам оваа година, кралицата ги прегледа предметите и пораките испратени до неа во замокот Виндзор по повод нејзините претходни годишнини.
Таа вчера на прием во Сандрингем прими членови на локалната заедница по повод нејзиниот 70-годишен јубилеј.
Во Парламентот оваа недела, премиерот Борис Џонсон и се заблагодари на Елизабета Втора за нејзината „неуморна“ посветеност.
За јубилејот беа изработени комеморативни монети и издадени осум поштенски марки, кои претставуваат различни моменти од нејзиното владеење.
Портретот на кралицата Елизабета Втора денеска накратко ќе биде емитуван на огромните екрани во повеќе градови во земјата, меѓу кои и Пикадили во Лондон.
Утре, по повод јубилејот, ќе биде испукано топовски салво од 42 водови во главниот град.
Во писмена порака по повод денешниот јубилеј, кралицата ја изрази својата „искрена желба“ сопругата на нејзиниот син принцот Чарлс, Камила, да биде означена како сопруга на кралицата, кога Чарлс (73) ќе го преземе тронот.
Во изјавата се посочува дека кралицата се подготвува за иднината по нејзината смрт и дека високо ја цени Камила, која се омажи за принцот Чарлс во 2005 година на граѓанска церемонија.
Засега кралицата не се изјаснила на оваа тема, која со години предизвикува контроверзии.
Четири дена прослави се закажани за почетокот на јуни. Британците годинава наместо еден ќе имаат два неработни дена за да можат да го прослават и роденденот и јубилејот на кралицата на тронот.
Прославата започнува на 2 јуни со традиционална воена парада во чест на раѓањето на монархот, без разлика кога тој всушност е роден. Инаку, Елизабет е родена на 21 април.
Огномет ќе се одржува на празници во 54 земји на Комонвелтот и во сите британски поседи. Ден потоа во лондонската катедрала Свети Павле ќе се одржи богослужба во знак на благодарност за долговечноста на суверенот.
Планиран е и грандиозен концерт како и историска реконструкција на 70-те години од владеењето на кралицата што помина низ бројни епохи и кризи.
За време на владеењето на кралицата Елизабета Втора, таа соработуваше со 14 британски премиери од Винстон Черчил, преку Маргарет Тачер и Борис Џонсон, а се сменија 14 американски претседатели.
Преземено од: https://beta.rs/
Фото: https://guardian.ng/