Мистериозната љубовна приказна на Сека Саблиќ – Се шпекулирало дека синот го добила со колега актер – ММС
ММС

Објавено на: 02/6/22 2:11 PM

Мистериозната љубовна приказна на Сека Саблиќ – Се шпекулирало дека синот го добила со колега актер

Јелисавета Сека Саблиќ е родена во 1942 година во Белград. Иако пораснала во воените и повоените години, актерката вели дека нејзиниот татко бил заколнат антикомунист. Мајката Еврејка успеала да ја избегне смртта во злогласниот нацистички логор во Сајмиште, а бидејќи пораснала со двајца постари браќа, Сека имала среќно детство.

Љубовта кон актерството се родила многу рано, а колку е силна таа љубов покажува и фактот што актерката „трае“ повеќе од половина век. И не само што трае, туку и нејзината популарност не опаѓа. Иако многумина ја паметат по комичните улоги, актерката признава дека не глуми во приватниот живот.

Згора на тоа, таа додава дека е голем намќор и дека тешко може нешто да ја насмее. Таа не зборува многу за приватниот живот. За сите тие години таа се појавуваше во медиумите само кога имаше што да каже, по премиера на претстава или кога најавуваше филм. Ниту за нејзиниот љубовен живот не се знае многу.

Некои новинари тврдат дека синот Стефан го добила од вонбрачна врска со колега актер. Сека никогаш не ги коментираше ваквите наводи. Таа денеска вели дека е горда на својот син, кој е успешен театарски режисер и пијанист. Сека од 2013 година најмногу ужива во друштвото на својот внук Леон, а истакнува дека од ден на ден е се повозбудлив. Таа признава дека имала најмногу пријатели во својата професија, па затоа нивните заминувања и се многу тешки, пишува Biografija.org.

Преземено од: https://stil.kurir.rs/
Фото: ATA Images