(Видео) Инспектор за животни се изживува врз врзано јагне на маса, „Анима Мунди“ ќе поднесе пријава и бара дисциплинска постапка – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/22 9:30 PM

(Видео) Инспектор за животни се изживува врз врзано јагне на маса, „Анима Мунди“ ќе поднесе пријава и бара дисциплинска постапка

Здружението за заштита на животни „Анима Мунди“ на својот фејсбук профил објави видео на кое се гледа како неколку мажи играат околу јагне ставено на маса со врзани нозе.

Од Здружението најавуваат дека ќе поднесат пријава до сите надлежни институции против наведениот инспектор.

-Маневрираат со него како со предмет, а не живо битие што трпи болка и страв, му нанесуваат непотребен стрес. Група мажи меѓу кои седи инспектор за заштита на благосостојбата на животните во Берово, од Агенцијата за храна и ветерина. Нашето Здружение ќе поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор, зашто е неспособен, неадекватен и очигледно психички нестабилен за да биде државен службеник, а уште помалку е некој што треба да заштити животно во неволја, судејќи по видеото во прилог. Видно задоволен го гледа и го снима престрашеното животно, сведок и соучесник во ова изживување е оној кој треба да го заштити, но го измачува!“, реагираат од ова Здружение.

Прашуваат, во кое нормално општество вакви ликови се вработуваат во државни институции и ги прекршуваат законите што треба да ги спроведуваат? Во кое нормално општество инспектор за заштита на животните е соучесник во нивно малтретирање, причинување непотребен стрес, страдање?