Самсунг значи „три ѕвезди“, Шаоми е „зрно ориз“ – ММС
ММС

Објавено на: 02/5/22 3:10 PM

Самсунг значи „три ѕвезди“, Шаоми е „зрно ориз“

Што значат имињата на познатите брендови на телефони? Во постојаната трка по материјалното, често се губиме во брендовите и стануваме шетачки реклами за нив. Сепак, дали некогаш сте се запрашале што всушност значат имињата на сите брендови што ги носите?
Самсунг- три ѕвезди
Основачот на Самсунг сакал неговата компанија да го носи името на корејскиот збор за „три ѕвезди“, бидејќи сакал да се развива и да биде голема и светла како ѕвездите.
Шаоми – зрно ориз
Симболиката доаѓа од будизмот и изреката: „За будист, зрното ориз е поголемо од цела планина“. Тоа ја означува и желбата на Шаоми да направи нешто големо од нешто мало.
Епл- јаболко – Епл
За името е одговорен Стив Џобс, а го смислил кога бил на диета со овошје, па мислел дека може да звучи „забавно“.
Хуавеј – Кина ветува
Името доаѓа од натписот што основачот случајно го видел на ѕидот – zhonghua youwei, што значи „Кина ветува“. Со скратување на овие два збора е создаден „Huawei“, пренесува порталот DDL.

извор: Sputnik.rs