Новата протеинска вакцина против коронавирусot, на американската компанија „Новавакс“ ќе пристигне во Хрватска за три недели, потврди во саботата Хрватскиот институт за јавно здравје (ХЗЈЗ). Станува збор за вакцина произведена по проверен метод, без употреба на генетски материјал.
Во периодот од 24 до 28 февруари ќе пристигне првата пратка од 198.000 дози вакцина на база на протеински честички, информираат од ХЗЈЗ. Протеинската вакцина „Нуваксовид“ од американската компанија „Новавакс“ е петта вакцина против коронавирус што ќе биде достапна во Хрватска, а е наменета за лица над 18 години.
Како нејзина предност, експертите посочуваат дека нема генетски материјал и дека станува збор за прочистен протеин, по чие вбризгување се создаваатантитела и клеточен имунитет. Се администрира во две дози, со инјектирање во мускулот на надлактицата, со временски интервал од три недели помеѓу дозите.
За разлика од претходно одобрените, две векторски и две mRNA вакцини, вакцината Новавакс се произведува со различна технологија која досега се користела во многу други вакцини, како што се оние против хепатитис Б и Пертусис.
Протеинската вакцина содржи лабораториски одгледувана верзија на протеинот шилец што е присутен на површината на вирусот САРС-КоВ-2. Вакцината содржи и засилувач, супстанца која помага да се зајакне имунолошкиот одговор на вакцината.
извор:dnevnik.hr