Комплиментите не се само за жени. И мажите сакаат да слушнат нешто убаво за себе, а особено да бидат пофалени од саканата личност. Тоа ги прави да се чувствуваат вредно и корисно. Комплиментите ја зголемуваат нивната самодоверба и чувството на задоволство со себе и од љубовната врска.
Ова се четирите реченици кои им значат на мажите.
Изгледаш убаво
Не треба само вашиот маж да ви дава комплименти, понекогаш и вие треба да го пофалите за некоја негова комбинација на облека, нова фризура, чевли или едноставно за сјајот во очите.
Во право си
Жените честопати се склони да туркаат сами дури и кога грешат. Треба да ги искажете своите мислења, да кажете некои работи јасно, но треба и да ја признаете грешката. Кога вашиот партнер е во право, признајте му го тоа и слободно кажете му, тоа ќе му значи.
Можеш ли да ми помогнеш?
Мажите сакаат кога се чувствуваат мажествено и корисно. Им се допаѓа кога жената им бара помош. Тоа е начин подобро да ја запознаат, но и да се зближат. Можете да го искористите овој трик и подобро да се запознаете.
Го сакам твоето… (некој дел од телото)
Да не се лажеме, сите знаеме што најмногу би сакале да пофалите кај мажите, но можете и да импровизирате. Каков комплимент и да им дадете, тие ќе бидат задоволни кога ќе им го кажете и буквално ќе „паднат“ пред вас.
извор: espresso.co.rs