Фрлете ги цигарите, јадете овошје и зеленчук и пијте млеко и чај – ММС
ММС

Објавено на: 02/4/22 1:29 PM

Фрлете ги цигарите, јадете овошје и зеленчук и пијте млеко и чај

Откажувањето од пушењето е многу тешко, секој што живее со овој порок го знае тоа. Но, постојат начини да се откажете од пушење и да се изборите против нападите на глад и нервозното грицкање храна. Методот е едноставен: изберете храна чиј состав е таков што ќе ја неутрализира желбата за пушење, но и ефектот на никотинот!
Познатиот универзитет Дјук од Северна Каролина спроведе студија на која експертите најмногу се потпираат кога советуваат што да јадете, ако се обидувате да се откажете од пушење. Во рамки на оваа студија, беше утврдено дека одредени видови храна и пијалоци ги прават цигарите сп подобар или со полош вкус. Во експериментите учествувале повеќе од 200 пушачи.
Храна која ќе ви помогне многу брзо да го исфрлите никотинот од вашето тело:
Млеко или јогурт

Млечните производи се храна или пијалок поради кои цигарите ќе имаат лош вкус, па е веројатно дека пушачите нема да осетат потреба за цигара или нема да ја завршат отако ќе испијат чаша млеко.
Зеленчук
Истражувањата покажаа дека доколку цигара се запали веднаш по јадењето зеленчук, тоа нема да му биде пријатно на пушачот, затоа задолжително внесете што повеќе свеж зеленчук во вашата исхрана. Оваа група на храна е толку широка и обезбедува огромен опсег на вкусови што не е тешко да се примени овој трик!
Овошје
Цигарите делуваат, меѓу другото, со блокирање на апсорпцијата на одредени хранливи материи, пред се витамините Ц и Д и калциумот. Верувале или не, само една цигара му одзема на организмот дури 25 милиграми витамин Ц! Затоа е исклучително важно да се зголеми внесот на портокали, лимони и други овошја кои обезбедуваат залихи на важни групи на хранливи материи.
Гуми за џвакање

Научниците од Универзитетот Дјук не вклучиле гума за џвакање во своето истражување, но тие одамна се добро познат рецепт за пушачите кои сакаат да го намалат пушењето или целосно да се откажат од него. Тие ги смируваат нервите и и даваат „хоби“ на усната шуплина за да ја намалат потребата од цигари и, воопшто, да придонесат за намалување на желбата за пушење.
Чај од женшен
Според истражувања, овој чај е многу ефикасен во намалувањето на ефектите на никотинот врз телото, што е одлична опција доколку сакате да го детоксицирате телото додека се откажувате од пушењето.

извор: Еspresso.co.rs