Адвокатот на Мирослав Илиќ до Одделението за сузбивање на високотехнолошки криминал поднесе кривична пријава против Мирјана Антоновиќ, за нарушување на тајноста на постапката, потврди за Нова.рс адвокатот Вилијам Паспаловски.
Како што објаснил адвокатот, се уште не се знае зошто е поднесена кривична пријава против неговата клиентка.
„Точно е дека против мојот клиент е поднесена кривична пријава, но се уште не знаеме какви докази се доставени за поднесување на истата. Она што го знаеме е дека таа е обвинета за нарушување на тајноста на постапката. За тоа е предвидена парична казна или казна затвор до една година. Делото за кое се товари спаѓа во групата на кривични дела со релативно мала социјална опасност. Пријавата е поднесена од правниот застапник на пејачот Мирослав Илиќ“, изјави Паспаловски за Нова.рс.
Тој истакна дека Антоновиќ во првата прилика ќе дојде во Белград за да биде сослушана.
„Мирјана ќе дојде во Србија штом ќе има можност. Дури тогаш ќе знаеме за што се работи и што прекршила мојата клиентка, односно како ја нарушила тајноста на постапката“, заклучува Вилијам.
Извор: Нова.рс