Родителите на Ембла го трпеле проблемот неколку години, Комисијата за дискриминација отвори предмет за случајот – ММС
ММС

Објавено на: 02/3/22 3:40 PM

Родителите на Ембла го трпеле проблемот неколку години, Комисијата за дискриминација отвори предмет за случајот

Родителите на 11-годишната Ембла премолчувале неколку години за случајот со својата ќерка која е родена со Даунов Синдром, а кулминацијата настанала по петицијата на родителите на децата со типичен развој кои побарале девојчето да биде преместено или да се ротира од клас во клас.

– Многу сме згрозени од случката со Ембла и се прашуваме до кога овие проблеми ќе ги решаваме вака. Проблемот не е од вчера, туку овие родители трпеле 3-4 години. Родителите претрпеле траума, не сакала да го решат проблемот вака, туку на мирен начин. Тие се добри луѓе, ги познавам, двајцата се наставници.

Зошто тие како родители да доживуваат трауми на овој начин. Директорот на училиштетото сигурно е во тешка ситуација и сакал да им удоволи на другите родители. Не знае токј како да го избалансира тоа. Сега го решиле проблемот со ротации, а можеле и поодамна да го направат тоа – истакна за ММС, Маргарита Милошоска од Ресурсен центар.

ММС побара одговор и од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дали некој од родителите се обратиле до нив и поднеле претставка, но тоа не го сториле до денес.

„Родителите на девојчето до денес не поднеле претставка за заштита од дискриминација пред КСЗД. КСЗД денес потвори предмет за овој случај по сопствена иницијатива, стапи во контакт со директорот на училиштето „Башкими” од Гостивар и градоначалникот Таравари а во понеделник, членови на Комисијата ќе извршат директен увид во училиштето и ќе се сретнат со сите инволвирани страни“, соопштија од КСЗД.

О.К.