Лин Слејтер живееше нормален живот шест децении, предаваше социјална работа на Универзитетот Фордам речиси четириесет години и немаше поим дека случајно, еден ден, нејзиниот живот ќе се заврти за 180 степени – и токму тоа се случи неодамна. Шетала по улиците на Њујорк и одела да се сретне со пријателка на кафе, кога наеднаш од сите страни била опкружена со фотографи и новинари! Причина? – Мислеа дека таа е икона на модната индустрија.
View this post on Instagram
Лин отсекогаш ја сакала модата и тоа можело да се забележи на неа. Нејзините комбинации на облека отсекогаш предизвикувале пофалби кај пријателите, а откако медиумите објавија фотографии од споменатата прошетка, таа стана случајна икона!
View this post on Instagram
Од тој состанок со претставниците на седмата сила, Лин го отвори својот онлајн моден блог „The Accidental Icon“ и профил на Инстаграм каде моментално има повеќе од 155.000 следбеници. Блогот беше делумно резултат на фрустрација околу јазот помеѓу нејзиниот креативен и академски живот и границите во кои таа можеше да се изрази на Универзитетот.
„Ми требаше место каде што ќе можам поизразно да пишувам за моите ставови“, објаснува Лин, додавајќи дека модата и дала решение за невидливоста што доаѓа со годините.
View this post on Instagram
„Отсекогаш сум била бунтовник и почнав да ризикувам повеќе со мојот стил на облекување. Дојде до точка што секој ден ме запираа луѓето на улица да ме прашаат за мојата облека, а тоа беа главно млади луѓе, ги охрабрив да основаат свој блог.
Лин денеска потпиша договор со компанијата „Elite Model Management“ и не се грижи за модните „правила“. Таа мисли дека ако се чувствувате удобно во некоја облека, тоа нема апсолутно никаква врска со вашата возраст.
Ноншалантноста, провокацијата, оптимизамот, ексцентричноста, директноста и бунтовноста се квалитетите што ја красат оваа необична и прекрасна жена – а како се чувствува таа денес во сопствената кожа?
„Каква иронија, денес сум многу посигурна во својот физички изглед отколку кога бев млада со убава, долга, костенлива – кафена коса и лице без брчки“, низ насмевка изјавила Лин.
Преземено од: https://stil.kurir.rs