Модел стар 26 години и чини 20 илјади евра – Јакната на Ријана за која зборува цел свет – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 6:35 PM

Модел стар 26 години и чини 20 илјади евра – Јакната на Ријана за која зборува цел свет

Познатата пејачка Ријана и раперот АСАП Роки вчера ги потврдија неколкумесечните гласини дека ќе станат родители. Познатиот пар позираше во Њујорк за едиторијал на модни фотографии на кои главниот фокус беше на трудничкиот стомак на Ријана, но и на нејзиниот необичен аутфит.

Како и претходните месеци, така и овој пат пејачката избра преголеми парчиња во кои се прошета по улиците на Њујорк. Сепак, под огромната розова јакна, таа не носеше ништо друго освен широки светли фармерки.

Оваа јакна предизвика различни контроверзии во јавноста, како поради моделот, така и поради скриената порака што ја носи бојата – розова поради девојката – но тоа засега се само гласини.

Станува збор за винтиџ парче од модната куќа „Шанел“, кое припаѓа на колекцијата за есента 1996 година, а неговиот дизајн го потпишува познатиот Карл Лагерфелд. Овој модел многумина го нарекуваат и јорган-јакна, поради ефектот „пуф“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by R I H A N N A (@ririgalbadd)

Јакната е украсена со препознатлив тип на џебови за „Шанел“, а има ситни златни копчиња во форма на ѕвездички.

Според медиумите, оваа јакна се уште е достапна во продажба, а нејзината цена е речиси 19.800 евра!

Својот необичен стајлинг за фотографирање на трудничкиот стомак Ријана го надополни со ексцентричен накит.

Извор: Магазин.новости.рс

Фото: Профимедиа