Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и неговата сопруга Ана Маслаќ Пленковиќ го чекаат третото дете, а дневник.хр ексклузивно дознава дека двојката чека син.
Ана (42) е веќе во третиот месец од бременоста и се чувствува добро. Андреј и таа со голема радост го очекуваат раѓањето, а на својот брат подеднакво му се радуваат и нивните деца Марио и Мила.
Андреј и Ана се во брак од октомври 2014 година. Нивниот син Марио, кој го доби името по нивниот дедо и кој го добија два месеци по свадбата, сега е прво одделение, а нивната ќерка Мила, која е родена во 2017 година, оди во градинка.
Премиерот и неговата сопруга успешно ги кријат деталите од приватниот живот од јавноста и водат мирен семеен живот.
Фото: hr.n1info.com