Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 1:10 PM

Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести

Доктор Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести, потврдија за МИА од Министерството за здравство.

Тој е директор на Институт за имунологија, каде се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на анти-тела на оздравените, како и за соевите на коронавирусот.

Доктор Злате Мехмедовиќ е назначен за лице надлежно за односи со јавноста во име на комисијата.

Досегашен претседател на Комисијата за заразни болести беше доктор Жарко Караџовски.

МИА