„Дали е нормално Мицкоски во црква да се однесува како да е во кафана“ – СДСМ бара одговорност за кршење на протоколите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 1:15 PM

„Дали е нормално Мицкоски во црква да се однесува како да е во кафана“ – СДСМ бара одговорност за кршење на протоколите на лидерот на ВМРО ДПМНЕ

Надлежните институции очекуваме да реагираат на ова скандалозно однесување на Христијан Мицкоски, вели Богданка Кузеска, портпаролот на СДСМ за видеата од социјалните мрежи, каде тој е на прослава во верски објект со многу луѓе без маска.

-Се гоштева Мицкоски во кафанска атмосфера, збиено седнат во тесна просторија. ВМРО наутро бара онлајн настава, а тој попладне крши протоколи. Едно зборува, друго прави на штета на граѓаните. Дали е нормално и етички некој во верски објект да се однесува како да е кафана е едно прашање, но кршењето на протоколите повлекува одговорност и очекуваме надлежнте институции да реагираат.  Ова е вистинското, лицемерно и неискрено лице на Христијан Мицкоски кој од почеток на глобалната пандемија се однесува вака, неодговорно и срамно. Мицкоски го поткопуваше процесот на вакцинација и се криеше по кафеани кога беше фатен дека ги прекршува протоколите, рече меѓу другото Кузеска.