Недавање првенство на минување на пешаци им донесе казна на 110 возачи во еден ден, откако Министерството за внатрешни работи продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Овие казни се само за возачите на територија на Скопје, каде се изречени вкупно 279 мерки, меѓу кои и за непочитување на брзината на движење 30 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, 46 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
Како што соопшти МВР, изречени се осум санкции за зборување на мобилен телефон, две мерки за неносење на сигурносен појас и две санкции за управување под дејство на алкохол.
Од МВР предупредуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел сите заедно да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и да придонесеме за посигурни патишта.