Трет земјотрес го стресе Охридско – ММС
ММС

Објавено на: 02/1/22 8:51 AM

Трет земјотрес го стресе Охридско

По првите два земјотреси по 21 часот, нов, трет земјотрес беше регистриран во 23 часот и 05 минути со магнитуда од 2,8 степени по Рихтер.

Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, синоќа  регистрираше земјотреси 100 km јужно од Скопје кои потекнуваат од епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга.

-Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата два беа почувствувани: првиот земјотрес во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала и вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени според истата скала. Земјотресите беа почувствувани од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината, соопштија од ПМФ.