Британската кралица Елизабета не тргнува никаде без специјална торта послужена на нејзината маса по вечерата.
Тоа е брза кекс торта која не се пече и постојано се прави на кралскиот двор.
Состојки:
– 120 гр темно чоколадо – 120 гр шеќер – 120 гр путер – 220 гр бисквити
За подмачкување:
– половина лажица путер
За глазурата:
– 220 гр темно чоколадо
Декорација:
– 20 гр чоколадо – малку мелени бисквити или ореви
Подготовка:
Тавата за печење намачкајте ја со путер и покријте ја со мрсна хартија. Скршете го бисквитот на парчиња (со големина на бадем).
Изматете ги путерот и шеќерот додека не се запенат, додадете го стопеното чоколадо и мешајќи додадете јајце.
Додадете ги искршените бисквити, добро измешајте со жица за матење, па истурете во подмачкана тава и оставете да се излади најмалку 3 часа.
Прелијте ја со стопената чоколадна глазура и оставете на собна температура.
Украсете со рендано чоколадо и мелени ореви (листовите бадеми може да бидат по желба).
Извор: Стил.курир.рс
Фото: Shutterstock