Ако ви остана вчерашниот леб, или постар леб, не фрлајте го, туку исечете го на коцки и направете вкусна пита која е идеална за вечера, но и за појадок.
Се подготвува брзо, а вкусот ќе ве изненади.
Состојки:
500 мл јогурт
200 мл кисела павлака
4 јајца
100 мл масло
10 гр сол
10 гр прашок за пециво
500 гр стар леб
Покрај овие главни состојки, во питата можете да додадете и шунка, или виршли, сирење или младо сирење.
Подготовка:
Прво изматете ги јајцата, солта, маслото, па јогуртот и павлаката. Потоа во добиената смеса додајте ја прашок за пециво и сè убаво соединете.
Доколку сте решиле да додадете уште нешто по ваш избор, во добиената смеса додајте ја избраната храна.
Во огноотпорен сад рамномерно распоредете го стариот леб исечкан на коцки и прелијте со подготвената смеса. Потоа малку притиснете ја смесата, за лебот да впие што подобро.
Одозгора наредете уште еден ред леб и оставете го да отстои десетина минути, додека рерната ви се загрева до 200 степени, бидејќи така лебот дополнително ќе се натопи.
По желба можете да посипете сусам и да ги премачкате со жолчка.
Ставете ја питата во загреана рерна да се пече околу 30 минути, а кога ќе биде готова покријте ја со крпа и оставете ја да отстои 10 минути, па послужете ја.
Извор: Магазин.новости.рс