Еден ден сигурно ќе се венчам со Георгина – Роналдо искрено зборува во новиот документарен филм – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 7:21 PM

Еден ден сигурно ќе се венчам со Георгина – Роналдо искрено зборува во новиот документарен филм

Фудбалерот и претходно изјави дека тој и неговата вереница не се оптоварени со венчавката и дека таа сигурно ќе се случи еден ден, а сега се надоврза на таа изјава.

Кристијано Роналдо (36) зборуваше за бракот со Георгина Родригез (28) во новата документарна серија „Јас сум Георгина“.

– Секогаш и велам на Георгина дека ќе се венчаме кога ќе се случи тој клик, како и се во нашите животи, и таа знае што мислам. Можевме да се венчаме за една година, за шест месеци или за еден месец. Во секој случај, илјада отсто сум сигурен дека тоа ќе се случи – изјави Роналдо.

Роналдо и претходно изјави дека тој и неговата вереница не се оптоварени со венчавката и дека тоа сигурно ќе се случи еден ден.

Фудбалерот и модел моментално уживаат со своите деца во Дубаи каде Георгина го прослави својот 28 роденден.

Роналдо ја изненади со оригинален подарок објавувајќи нејзина фотографија со порака на највисоката зграда во светот Бурџ Калифа. Георгина на Инстаграм објави серија фотографии на кои го покажа трудничкиот стомак.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Georgina Rodríguez (@georginagio)

Горгина и Роналдо се запознале во 2016 година, а неодамна откриле дека Џорџина е бремена и ќе има близнаци.

Двојката веќе ја има ќерката Алана Мартина и синот на Кристијано, Кристијан Џуниор, кој го доби со жена чиј идентитет не е откриен, и близнаците Ева и Матеа, кои се родени од сурогат мајка.

Извор: 24сата.хр