ејачката Ријана и раперот АСАП Роки официјално го очекуваат своето прво дете.
Двојката во петокот беше забележана како се шета низ Њујорк, а пејачката не се трудеше да го сокрие својот стомак, всушност тоа гордо го покажа и покрај ниските температури и снегот.
Ријана (33) беше фотографирана во розова јакна, отворена под градите, покажувајќи го трудничкиот стомак, а веста веднаш го обиколи светот.
Пејачката веќе извесно време е во хармонична врска со раперот АСАП Роки, кој конечно ги потврди повеќемесечните шпекулации во мај оваа година.
View this post on Instagram
– Таа вреди како милиони други. Мислам дека кога знаете, тогаш знаете – изјави Роки за GQ и додаде:
-Таа е вистинската.
Првото озборување за врската помеѓу Ријана и АСАП Роки, чие вистинско име е Раким Мајерс, започна во 2013 година, кога заедно се појавија во видео, а тој ја придружуваше на „Diamons World Tour“, а потоа со години се појавуваа заедно од од време на време.
Извор: Курир.рс
Фото: Профимедиа