Подваријантата на омикрон, ВА.2, стана доминантна во делови на Европа и на Азија – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 12:50 PM

Подваријантата на омикрон, ВА.2, стана доминантна во делови на Европа и на Азија

Варијантата омикрон на вирусот SARS-CoV-2, чија најчеста форма е позната како BA.1, сега ги опфаќа речиси сите инфекции со коронавирус во светот, иако драматичното зголемување на случаите некаде веќе го достигна врвот.
Научниците сега го следат зголемувањето на случаите предизвикани од „близок роднина“ на омикрон варијантата, позната како BA.2, која почнува да го надминува BA.1 во делови од Европа и Азија.
„Во Данска изгледа дека е за еден и пол пати позаразна оваа подваријанта од оригиналниот омикрон, кој беше, пак, позаразен од делта“, рече д-р Дипак Сривастава, претседател на Институтот Гладстон.
ЦДЦ потврди дека BA.2 циркулира на ниско ниво во САД. Два случаи на БА.2 беа потврдени во  Санта Клара минатата недела. Дали е полоша оваа подваријанта од омикрон или делта?

Сривастава објаснува: – Изгледа дека полесно се пренесува, но засега се чини дека не предизвикува потешка форма на болест, но сепак претстои да го проучиме тоа“, рече д-р Сривастава.
Професорот Неван Кроган, директорот на Институтот за квантитативни бионауки, го анализираше BA.2 во споредба со оригиналниот сој омикрон: -На многу начини тие се слични. Секој од нив има околу 50 мутации. Има 30 мутации кои се преклопуваат меѓу овие два вируса,- појасни тој.

МИА