Драма во Германија: Убиени двајца полицајци при сообраќајна контрола – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 11:22 AM

Драма во Германија: Убиени двајца полицајци при сообраќајна контрола

Двајца полициски службеници се убиени од огнено оружје за време на рутинска сообраќајна контрола во германскиот округ Кузел. Позадината на злосторството е нејасно, а сторителот е во бегство.

Нема опис на сторителот, не се знае во какво возило бил, ниту во кој правец побегнал од местото на настанот кој се случил на локалниот пат кај селото Улмет во западна Германија.

Полицијата ги повика мештаните да не качуваат автостопери поради можноста убиецот да побегне.

Се работело за рутинска сообраќајна контрола во Кузел, близу границата со Луксембург. Пукањето почнало околу 4.20 часот, а ранетите полицајци успеале да повикаат засилување преку радиоврската, но за нив било прекасно: полицајката (2) и полицаецот (29) им подлегнале на повредите.

 

Извор: Nova.rs