„Итно ми треба бубрег, не ме оперираат додека не се вакцинирам“ – Исповед на човек на смртна постела – ММС
ММС

Објавено на: 01/31/22 10:11 AM

„Итно ми треба бубрег, не ме оперираат додека не се вакцинирам“ – Исповед на човек на смртна постела

После мажот кој не можеше да добие ново срце затоа што одбил да се вакцинира против ковид, нов случај се појави во американските медиуми. Човек од Северна Каролина чека операција која би му го спасила животот, но никако да се направи затоа што било неопходно да се вакцинира против коронавирусот, но тој упорно го одбива тоа!

Чед Карсвел, кому му се ампутирани двете нозе и преживеал повеќе операции на срцето, итно мора да добие нов бубрег. Неговата заедница во Винстон-Сејлем собира пари за операцијата и повика донори кои ќе бидат прифатливи за неговото тело. Се пријавија стотина луѓе, но Чед не може да се оперира поради својот став.

– Морав да одбијам стотина потенцијални донори затоа што болницата бара и јас и донорот да бидеме вакцинирани, а јас тоа нема да го направам. Мислам дека вакцината е прашање на избор. Без трансплантација на бубрегот не знам уште колку ќе бидам жив затоа што морам да добијам нов орган за да не умрам – истакна тој за локална телевизија.

Тој четири пати неделно доаѓа на дијализа, а докторите и сестрите го молат да се вакцинира.

– Докторот ми вели, те молам направи го тоа, ќе умреш ако не се вакцинираш. Пристијано му реков дека нема да дебатирам за тоа. Па ако поради тоа треба да умрам, барем ќе умрам слободен – рече Чед Карсвел кој веќе бара нова болница која ќе ја направи операцијата без потврда за вакцина, но е свесен дека шансите му се мали.

Извор: Mondo.rs

фото: YOUTUBE/WSOV