Полицијата привела Охриѓанец, кој со нож во сопствениот дом нападнал членови на своето семејство. Приведено е и уште едно лице кое што агресивно се однесувало кон полициски службеници.
„На 29.01.2022 година во 21.50 часот, во СВР Охрид е приведен Ф.П.(21) од Охрид, кој претходно, во семејниот дом физички нападнал членови на семејството. При извршен преглед кај него е пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, “ информираат од СВР Охрид
Приведено е и уште едно лице кое што агресивно се однесувало кон полициски службеници.
„ Утрово во 04.50 часот, во СВР Охрид приведен е С.И.(38) од селото Лешани, општина Дебарца. Тој, претходно, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, “ се додава во соопштението.