Тотенхем се договори со Јувентус за позајмица на играчот од средниот ред Дејан Кулушевски до крајот на сезоната за пет милиони евра.
Купувањето на 21-годишниот шведски репрезентативец со македонско потекло за 35 милиони ќе стане задолжително за лондонскиот клуб доколку се исполнат два услови. Првиот е Спарс да стигнат до Лигата на шампионите, а вториот е Кулушевски да одигра најмалку половина од натпреварите за Тотенхем.
На 20 натпревари од сезоната во Серија А, Кулушевски има постигнато еден гол и креирано три асистенции.
mia