(видео) Добар спортист но и насилник, Гринвуд од Манчестер јунајтед ја тепал својата девојка – ММС
ММС

Објавено на: 01/30/22 10:49 AM

(видео) Добар спортист но и насилник, Гринвуд од Манчестер јунајтед ја тепал својата девојка

Хариет Робсон, девојката на напаѓачот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, го обвини фудбалерот за насилство.

Робсон на социјалните мрежи објави серија видеа и фотографии на кои покажа дека има бројни модринки по телото, а усната и е раскрвавена.

„Ова е она што Мејсон Гринвуд навистина ми го прави“,  напиша девојката под видеото.

Робсон на својот Инстаграм објави и аудиоснимка на која се слуша машки глас, кој најверојатно му припаѓа на напаѓачот на Манчестер јунајтед. На оваа снимка може да се слушне дека маж грубо се обидува да ја убеди девојка да имаат сексуални односи против нејзина волја.

Во сезоната 2021/22, Гринвуд настапи на 24 натпревари за Манчестер јунајтед, постигнувајќи шест гола и две асистенции.

Брзо се огласија и од Манчестер Јунајтед од каде што кажаа:

„Свесни сме за сликите и обвинувањата кои кружат на социјалните мрежи. Нема да коментираме дополнително за ситуацијата додека не се разјаснат фактите. Манчестер Јунајтед не поддржува насилство од каков било вид”, соопштија од прес-службата на клубот, додека полицијата веќе е информирани за случајот.

https://youtu.be/UUeWbsxxZl8?t=6

миа

foto-vjesti