(Видео) Криптопазар во Македонија има, но закон за негова регулација се уште нема – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/22 4:19 PM

(Видео) Криптопазар во Македонија има, но закон за негова регулација се уште нема

Криптовалутите беа тема на денешната емисија „Стадион“ на Радио Канал 77. Како се тргува, како се купуваат и продаваат, како се чуваат овие таканаречени дигитални или виртуелни валути од кои најпознати се биткоинот и етериумот кои што моментално на криптоберзите вредат од 2000 до 37 илјади долари.

Во повеќе држави оваа област и финансиските текови, купување и продавање на недвижности и производи е веќе регулирана и легализирана, постојат криптомати, менувачници и банки кои работат со овие валути, а во Америка и во светот платите на одредени функционери но и трансферите на спортистите се исплаќаат во криптовалути.

Во Македонија, иако постои разгранета и развиена  криптозаедница и повеќе милионери кои тргуваат со биткоини, етериуми и други дигитални валути, иако постои Европска директива, ниту една партиска програма досега не ги препознава овие термини и област. Во фаза на јавна расправа е нова регулатива против перење пари во која посебен дел се посветува на криптовалутите, но во најскоро време ќе биде потребен псоебен лекс специјалис кој ќе ги регулира виртуелните валути , финансиски трансакции и патен промет.

За прв пат дигитализацијата на финансиските средства , кои се однесуваат на криптовалутите и криптопазарот е ставено во програмата на оваа Влада, изјави во емисијата „Стадион“ пратеничката на ЛДП, Моника Зајкова.

„ Во разговорите околу новата Влада ние го поставивме оваа прашање, но не како услов туку како дел од разговорите за водење на политики. Прашањето за законското регулирање се наметна по случаевите на злоупотреба на струја при копање на криптовалути во ГТЦ. Сметам дека пред да се донесе Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам, со кој што се регулира и оваа прашање треба да се опфатат пошироките сегменти на овој процес. Станува збор за една нова материја и мислам дека треба да подлежи на една поширока јавна дискусија. На пример да се земе во предвид и Зелената агенда, да се обврзат оние коишто копаат криптовалути, минимум 50% од потрошената струја да ја набават на слободен пазар или исклучиво произведена од обновливи извори на енергија или самите да ја произведуваат и доколку потрошат повеќе процентуално да им биде наплатено повеќе, “образложи Зајкова

Со Законот за спречување на перење на пари и финансирање на тероризам кој го помина ЕНЕР и треба да влезе во собраниска процедура е прв што ќе регулира дел од виртуелните средства, мора да се занимава и со термини, па така сите термини сега ќе влезат во законот, вели Душко Гошевски, адвокат и експерт за криптовалути.

„ Ова во голема мера ќе придонесе за значајна регулација но иделано би било да имаме посебен закон, лекс специјалис која што посебно ќе ја регулира оваа тема. Меѓутоа и овој закон, што сега ќе се донесе ќе се регулираат одредени аспекти од криптовалутите. Сите овие работи, криптомати, менувачници, паричници, хостирани и нехостирани, даватели на услуги, размена на валути, трговија е регулирано со законот. Мора да се усогласиме со Петата директива на ЕП, тука не се очекува некоја дебата. Се очекува да ја има во утврдување на границите- горна и долна граница. Границата за размена на валути во кеш е 500 евра, а тие даватели на услуги коишто ќе разменувааѕ над 1000 евра, секоја трансакција че мора да се пријавува во Агенцијата за финансиско разузнавање. Доколку не го пријави веќе со вкрстување на податоците на институциите ќе имаме и сериозно оданочување и намалување на даночната евазија на оваа поле,“образложи Гошевски во денешното гостување во емисијата Стадион на Канал 77.

Инвестицискиот советник Снежана Поповска, смета дека реално ниту во блиска , ниту во подалечна иднина , криптовалутата ќе претставува закана на декретните валути, пред се поради нивната ценовна нестабилност. Во моментов таа стабилност ја нема.

„Крипто светот е еден голем свет, којшто едноставно не можеме да седнеме и научиме се’.Тоа е еден процес кој што екстенцијално се развива и сметам дека потребни се барем две до три години , за некој да седне убаво научи се’ што е поврзано со криптовалутите и криптотрговијата,“ изјави меѓудругото Поповска во гостувањето во емисијата ,,Стадион“ на Канал 77.

Link: