Девет часа лежел на улица, никој не помогнал, сите вртеле глава – Шок поради човечката рамнодушност за смртта на познат фотограф – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/22 3:05 PM

Девет часа лежел на улица, никој не помогнал, сите вртеле глава – Шок поради човечката рамнодушност за смртта на познат фотограф

Рене Роберт, швајцарскиот фотограф кој се прослави со своите снимки од најпознатите шпански фламенко ѕвезди, почина од хипотермија во Париз, а неговата трагична смрт ја шокираше француската јавност.

Според Гардијан, споменатиот уметник минатата недела отишол на редовна вечерна прошетка во населбата во која живеел, но се лизнал и незгодно паднал. Според неговиот пријател, новинарот Мишел Момпонте, Роберт настрадал на улицата Турбиго помеѓу плоштадот Република и пазарот Лес Ал.

Несреќниот 85-годишник поминал девет часа лежејќи на студ, а тоа што луѓето го игнорирале, што на крајот довело до смрт, предизвикало тага, гнев и неверување во Франција и пошироко.

-Имаше вртоглавица и падна. Не можејќи да стане, лежел беспомошно девет часа, додека бездомник не повика брза помош. Но, веќе беше доцна. Рене веќе имаше тешка хипотермија и животот му висеше на конец. Во тие девет часа, ниеден минувач не застанал за да провери зошто човекот лежи на тротоарот. Никој“, напиша пријателот на фотографот Момпонте на Твитер.


-Роберт го уби рамнодушноста. Ако неговата ужасна смрт може да послужи за каква било цел, тоа би било ова – кога човек лежи на сред улица, треба да провериме што се случува, без разлика колку сме зафатени во тоа време и во брзање. Многу луѓе, вклучувајки ме и мене,  често гледаат на другата страна кога станува збор за луѓето на улица. Да го промениме тоа, да застанеме малку“, изјави новинарот за Франс ТВ Инфо.

Смртта на Рене во дел од Париз, каде што многу бездомници едвај преживуваат, предизвика дебата за граѓанската одговорност и основите на човечката пристојност.

Шпанската амбасада во Холандија на Твитер објави: „Смртта на Рене Роберт, кој со својата камера ги овековечи сите големи уметници на фламенко, е ужасен предизвик и повик да се преиспита нашата колективна совест“.

„Многу сум тажен поради загубата на Рене Роберт, кого имав среќа да го запознаам и фотографирам. Не можам да разберам зошто никој не му помогна, не сакам да мислам дека живееме во општество со толку мала вредност. “, рече фламенко уметникот добитник на Греми. Архангел.

Здружението „Оливар“, кое работи со млади бездомници во Мадрид повеќе од 30 години, рече дека се тажни, но не и изненадени.

„Многумина зборуваат за страшната приказна за Рене Роберт… Но, реалноста е сурова – тоа што се случи е сурово, но тоа е секојдневието на оние кои живеат и умираат на улица. Што се случува со нас како општество кога таквите нешто може да се случи воопшто?“, објавија тие на Твитер.

Се проценува дека најмалку 600 луѓе годишно умираат на улиците во Франција.

Извор и фото: www.kurir.rs