Дизни се најде на удар на критичарите откако го претстави новиот изглед на Мини Маус, која наместо нејзиниот препознатлив фустан со црвени точки, носи син костум со панталони дизајнирани од Стела Макартни.
Парискиот Дизниленд ја претстави новата облека на славната личност на Твитер, објавувајќи дека Мини доживеала модна промена во чест на нејзината 30-годишнина и месецот на женската историја во март. Сепак, неколку минути по објавувањето на твитот, многу корисници почнаа да изразуваат бес поради промената на стилот.
Stella McCartney has designed Minnie Mouse’s very first pantsuit, and it’s gorgeous 😍 #DisneylandParis30 pic.twitter.com/jKSckBji36
— Disneyland Paris EN (@DisneyParis_EN) January 25, 2022
„Браво Дизни, ја претвори Мини Маус во Хилари Клинтон“, напиша едно лице. „Врати ѝ го фустанот. Ова не е ни црвено“, забележа друг.
Дизајнерката Стела Макартни рече дека новиот изглед на Мини е прилагоден на вредностите на модерното време.
“Мини отсекогаш имала посебно место во моето срце. Таа е автентична и ги инспирира луѓето ширум светот. Покрај тоа, има одличен стил”, заклучила таа.
Дизни најави и промени во портретот на џуџињата во приказната за Снежана.
Stella McCartney has designed Minnie Mouse’s very first pantsuit, and it’s gorgeous 😍 #DisneylandParis30 pic.twitter.com/jKSckBji36
— Disneyland Paris EN (@DisneyParis_EN) January 25, 2022
„За да го избегнеме промовирањето на стереотипите кои се застапени во оригиналната верзија на филмот, решивме да користиме поинаков пристап кога станува збор за овие седум ликови. Почнавме да работиме и со луѓе со низок раст за да ја подобриме новата верзија“, велат тие.