ЕУ ќе бара гас од Азербејџан – ММС
ММС

Објавено на: 01/29/22 9:41 AM

ЕУ ќе бара гас од Азербејџан

Еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон има намера на почетокот на февруари да разговара со Азербејџан околу можноста за зголемување на испораките на гас за Европа, пишува Фајненшл тајмс, цитирајќи неименувани европски претставници.

ЕУ стравува дека Русија може да ја намали испораката на гас за Европа како одговор на западните санкции во случај на ескалација на конфликтот во Украина, наведува весникот.

– ЕУ планира да испрати делегација во Азербејџан со надеж дека ќе организира итно снабдување со гас, се вели во текстот.

Еден од соговорниците на изданието истакнал дека Брисел преговара и со некои азиски земји за евентуални испораки на течен природен гас.

Претходно, портпаролот на Државната нафтена компанија на Азербејџан (SOCAR) Ибрахим Ахмадов изјави дека Баку ја разгледува можноста за проширување на испораките на гас во Европа.

МИА