Ја фатил за задникот и добил шест месеци затвор – ММС
ММС

Објавено на: 01/28/22 10:58 AM

Ја фатил за задникот и добил шест месеци затвор

Канаѓанец е осуден на шест месеци затвор затоа што ја фатил стјуардесата за задникот на летот од Мексико до Мајами, пренесува NBC News. Овој 50-годишник беше осуден во понеделникот пред федералниот суд во Мајами каде се изјаснил за виновен за инцидентот направен лани на 8 август. Што точно се случило? Инцидентот се случил во моментот кога стјуардесата на летот од мексиканскиот град Канкун до Мајами делела на патниците пакетчиња со грицки. Пакетот го оставила во скутот на Канаѓанецот, бидејќи мислела дека спие. Кога се свртела, мажот ја фатил за бутовите и за задникот, се вели во судските документи.

Стјуардесата викнала и му рекла да престане, на што тој нејасно промрморел нешто.

Според судските документи, по инцидентот, на стјуардесите и пришле неколку патници кои изразиле шокираност од настанот, додавајќи дека се подготвени да и сведочат на полицијата што виделе. неартикулирано мрморење.

Судот првично го ослободила човекот откако платил кауција, но тој мора да се јави и да оди во затвор до 28 март.

извор: hr.N1info